Измена во програмата на 46-от МОТ

пред 2 години

Неизвесноста на функционирање кое ја наметнува пандемијата го смени репертоарот на 46-от МОТ, информира Младинскиот културен центар.

„Со жалење ве информираме дека претставата „Мојот маж“ на Словенско народно гледалишче од Љубљана е откажана поради позитивни членови на ансамблот“, е истакнато во писмената информација од МКЦ.

Додаваат дека според разговорите и значењето на претставата за мотовската публика, се прават напори изведбата на претставата да се реализира до крајот на оваа година.

Share
Scroll to Top