Полицајци примиле поткуп за да не пишат казна, заработија кривични пријави

пред 3 години

Двајца полицајци од Куманово за да не пишат казна за сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп од лицето кое го сторило прекршокот.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29).

„ Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Полициските службеници се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Share
Scroll to Top