Анчелоти по распадот на Евролигата: Мислев дека се шегуваат!

Анчелоти по распадот на Евролигата: Мислев дека се шегуваат!

пред 4 години

Суперлигата е пред распад, а премиерлигашот Евертон е еден од клубовите кои жестоко ги осудија Сити, Јунајтед, Ливерпул, Челси и Арсенал поради пристапувањето кон новото натпреварување.

Менаџерот на „карамелите“, Карло Анчелоти за „Скај“ објасни зошто замислата на Суперлига уште на стартот беше погрешна.

„Мислев дека се шегуваат. Спортската култура во Европа се разликува од американскиот спорт. Не затоа што ние сме во право, а тие не, туку поради тоа што културата на луѓето е поинаква. Во САД спортот им е забава, во Европа живееме со повеќе страст. Кога ќе пораснеме, сакаме да го победиме нашиот сосед“ смета Анчелоти.

Тој смета дека за секој фудбалски навивач основањето на Суперлигата беше во најмала рака чудно.

„Фудбалот е прво спорт, а потоа со многу вложувања стана работа. Мора да се имаат во предвид и едното и другото, тоа е нормално. За секој фудбалски навивач основањето на Суперлигата беше во најмала рака чудно. Погрешија, овие 12 клуба погреија, не го земаа во предвид мислењето на играчите, тренерите, на навивачите“ смета Италијанецот.

Тој се наврати и на Лигата на шампионите.

„Секој од нас сака Лигата на шампиони да биде што поконкурентна. Тоа е најдоброто натпреварување во светот. Суперлигата каква што ја предложуваа е невозможна, а новиот формат на ЛШ е возможен“ – заврши Анчелоти.

Share
Scroll to Top