Машка поларна мечка угина во руската Зоолошка градина, откако проголтала гумена топка која ѝ ја фрлил еден посетител. Дваесет и петгодишната мечка, со име Умка, се онесвестила додека доручкувала во својот простор во петокот утрото.
Од Зоолошктата градина во градот Јекатеринбург, велат дека човекот кој ја надгледувал, веднаш повикал помош. Група на ветеринари стигнале за десет минути, но, не можеле ништо да направат.
Аутопсијата покажала дека поларната мечка угинала, откако проголтало топче кое било најдено во нејзиниот стомак. Работниците кои ја негувале, велат дека поларната мечка со име Аина, која живеела во истиот простор со Умка, тешко ја поднесува загубата.
„Двете беа одвоени од само една ограда и голем дел од времето го минуваа заедно. Се грижеа еден за друг и си разменуваа играчки. Не е вообичаено поларните мечки да се дружат една со друга кога ќе пораснат“, вели Екатерина Уварова, која работи во Зоолошката градина.
Раководството од Зоолошката градина планира да ја најде личноста која го предизвикала трагичниот инцидент. Во иднина внимателно ќе се следи Аина, со цел да се спречат идни вакви инциденти, пишува „Дејли Мејл“.
Ума во Зоолошката градина била примена во 1998 година. Неговата мајка ја убиле ловокрадци, додека тој бил младенче. Откако останал сираче, додека барал храна, бил нападнат од чопор кучиња скитници во близина на селото Билингс во најисточниот регион на Русија, Чукотка.
Мештаните го спасиле, а подоцна го предале во Зоолошката градина.
„За жал, не знаат сите како правилно да ја изразат својата љубов. И покрај бројните знаци за предупредување, некои посетители фрлаат кон животните предмети и не размислуваат за последиците“, изјавил портпаролот на Зоолошката градина.