Кичевската полиција во претпладневните часови на 23 април извршила претрес во домот на 72-годишниот кичевец М.Б, при што биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 милиметри.
Притоа, М.Б, бил лишен од слобода.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.