Милан со ултиматум на Џиџио Донарума

Милан со ултиматум на Џиџио Донарума

пред 3 години

Торинскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека Милан не се подготвени да ја зголемат понудата за обновување на договорот на голманот Џанлуиџи Донарума и очекуваат краен одговор до 23 мај.

Договорот на Донарума завршува во јуни и тој и неговиот агент Мино Рајола веќе одбиле две понуди од „росонерите“, а Милан не е подготвен да ја крене сумата од 8 милиони евра по сезона (за 2 милиони повеќе од сегашниот договор).

Сезоната во Италија завршува на 23 мај, така што Милан очекуваат конечна одлука дотогаш, бидејќи потоа следува Европското првенство, каде што Донарума ќе биде голот на италијанската репрезентација.

Претходно „Ла газета дело спорт“ објави дека Милан веќе почнале преговори со голманот на Лил, Мајк Мањан, кој би бил замена за Донарума, кој пак најверојатно ќе заврши во Јувентус, кои се подготвени да му дадат плата од 10 милиони евра по сезона.

Share
Scroll to Top