Откако Норич и Вотфорд веќе обезбедија богат влез во Премиер лигата, денеска беа дознати и четирите клуба кои ќе играат плејоф за последното место кое води во англиската елита.
По денешното реми помеѓу Свонси и Рединг (2:2), велшкиот клуб (Свонси) беше потврден заедно со Брентфорд, Бурнемаут и поранешниот клуб на Ѓорѓи Христов, Барнсли ќе се борат за местото кое според многумина вреди на 200 милиони фунти.
Иако конечниот распоред, и дуелите уште не се утврдени, во полуфиналето се играат по два меча (без правилото гол на гости), по што финалето ќе се игра на „Вембли“ во празник на фудбалот.