Македонци и Хрвати од Рокдејл Илинден и Сиднеј јунајтед 58 се тепале во Австралија

Македонци и Хрвати од Рокдејл Илинден и Сиднеј јунајтед 58 се тепале во Австралија

пред 4 години

Навивачите на Рокдејл Илинден и Сиднеј јунајтед 58, физички се пресметале, по натпреварот, кој тимовите го одиграа викендов. Тензичната атмосфера, дополнително се вжештила, кога еден од навивачите, во текот на натпреварот влегол на теренот.

Рокдејл Илинден е основан од Македонци, а Сиднеј јунајтед 58 од Хрвати кои жевеат во Австралија.

Полицијата, која бара помош за да идентификува седум навивачи, инцидентот го нарекла „срамен“, а навивачите кои учествувале во тепачката ги нарекла „будали“. Тројца од учесниците во тепачката побарале лекарска помош.

Во пресметката биле користени пластични сандаци, факели, метални шипки, а некои навивачи биле вооружени и со остри предмети.

Share
Scroll to Top