Италијанец фатен со лажен негативен ПЦР тест на скопскиот аеродром

пред 4 години

Италијански државјанин бил фатен на скопскиот аеродром со лажен негативен ПЦР тест, во обид да ја напушти земјава.

Според информациите, тој на 23 април, при проверка на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, употребил лажна исправа-фалсификуван ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, тој го употребил документот како вистинит со намера да отпатува од земјава.​

Share
Scroll to Top