Терористот, кој на 2. ноември во Виена, уби четворица и повреди повеќе од дваесетина лица, имал конкретна мета, но и соучесници, покажува истрагата, која сè уште е во тек.
Австријанецот со македонско-албанско потекло, Кујтим Фејзулај, кој вооружен влезе во центарот на градот, па почна да пука на луѓето на улиците, на почетокот се претпоставуваше дека неговите мети ги одбирал по случаен избор.
Според пишувањето на дневникот „Курир“, неговата мета требало да биде познатиот луксузен ресторан Le Salzgries. Терористот, на денот на нападот, се обидел, но, безуспешно, да се јави телефонски во ресторанот.
Видео снимките покажуваат дека тој, пред првите испалени куршуми, стоел пред затворениот ресторан. Кога се јавил, како што пренесуваат медиумите, со него биле уште двајца пријатели.
Со него бил Бурак К. кој претходно со него се обидел заедно да замине за Сирија, каде требало да им се приклучи на членовите на Исламската држава.
Бурак, наводно го оставил терористот на одредено место, со повеќе предмети, меѓу кои и нож. Истрагата покажала дека Бурак, на денот на терористичкиот напад на својот пријател, преку „Гугл“, се обидел да дознае како може да ги врати фабричките поднесувања на неговиот мобилен телефон. Во телефонот, како што пишува „Курир“, пронајдени се докази дека тој имал соучесници.
Како што пренесува медиумите, постоеле луѓе кои и претходно знаеле за неговиот крвав план.