Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, вчера спровел акција во која уапсен е 58-годишен дилер од Гостивар, со иницијали С.Б.
Како што информираат од МВР, при преглед во неговиот автомобил „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен хероин.
Гостиварецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.