Усвоен е нов сет мерки за заштита на учесниците на Олимписките игри во Токио од коронавирусот. Една од најзначајните е што сите спортисти ќе бидат тестирани секој ден.
Остануваат уште 85 дена до почетокот на Игрите, Меѓународниот олимписки комитет, Организацискиот комитет на Игрите, локалните власти во Токио и официјалните лица во Владата на Јапонија одржаа состанок на кој се договорени дополнителни мерки за заштита на сите учесници.
Опширниот документ со сетот мерки за безбедност и заштита од зараза со коронавирусот сега е дополнет:
-Сите учесници на Игрите се обврзани да направат два Ковид 19 теста пред тргнување кон Токио
-Спортистите и сите оние кои се во близок контакт со нив ќе бидат тестирани секој ден
-Сите останати учесници на ОИ ќе бидат тестирани секојдневно првите 3 дена по доаѓањето во Јапонија, а потоа во зависност на нивната улога во организацијата и контактот со спортистите
-Обврзна е дистанца од 1 метар во однос на сите останати учесници
-Сите учесници ќе мораат да користат намесни превоз обезбеден за нив, забранета е употреба на јавен превоз
-Сите учесници за своја исхрана ќе мораат да користат локација каде што се почитуваат анти корона мерките.