Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина „Спутник в“ против Ковид-19, соопшти денеска турската Агенција за лекови и медицински производи.
Претходно неделава, турскиот министер за здравство Фахретин Коча изјави дека Турција потпишала договор за набавка на 50 милиони дози од вакцината „Спутник в“, пренесува „Ројтерс“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека Турција ќе добие значителни количини на вакцината „Спутник в“, во рамки на договорот со Русија.