Фудбалерите на Интер и тренерот Антонио Конте на социјалните мрежи веќе ја прославуваат титулата во Серија А, која уште не е официјално освоена пред денешниот меч Сасуоло-Аталанта.
Откако вчера со 2:0 ги победија Кротоне на „нераѕурите“ им е потребен само уште еден поен во следните четири меча да ја освојат титулата, но доколку Аталанта не го победи Сасуоло денеска, трофејот ќе пристигне во Милано.
Фудбалерите на Интер веќе објавија видеа од прославата по вчерашната победа, додека Антонио Конте прво објави фотографија од мечот со Кротоне со порака „LOADING“ (се вчитува), а денеска објави видео од тренинг-центарот на Интер, каде што се подготвуваат да го постават 19-тиот штит, прв од 2010 година.