Првопласираниот тим во регуларниот дел од регионалната АБА лига – белградска Црвена Звезда со убедливи +15 предмалку славеше против Игокеа со резултат 76-61 во првиот полуфинален дуел.
„Црвено-белите“ во три четврини беа комплетно израмнети со противникот од Република Српска, но во последниот период со резултат 20-6 стигнаа до убедлива стартна победа во плеј-офот.
Најпрецизен во победничката екипа беше Џордан Лојд со 21 поен, Волден постигна 13, а Добриќ броеше до 12.
Кај Игокеа се истакна Атиќ со 15 постигнати поени.
Вториот натпревар од разигрувањето за влез во финалето се игра во петок во Лакташи, а евентуалната мајсторка ќе се одигра на паркетот на Звезда која ја има предноста поради подобриот пласман од регуланиот дел.
Второто полуфинално разигруваче започнува вечерва од 21 часот, а во Подгорица Будуќност е домаќин на тимот на Морнар.