Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак

пред 4 години

Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, и неговата сопруга Мелинда, во заедничка порака на Твитер соопштија дека се разведуваат.

Во порака, Бил и Мелинда велаат дека ја донеле одлуката „по многу размислување и многу работа на нивната врска“.

Четвртиот најбогат човек во светот, со богатство кое се проценува на околу 130 милијарди долари и неговата сопруга беа во брак од јануари 1994 година.

„Во последните 27 години, израснавме три прекрасни деца и изградивме фондација што работи ширум светот за да им овозможи на сите луѓе да водат здрав и продуктивен живот. Замолуваме за простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да управуваме низ овој нов живот,“ пишува во пораката на Твитер.

Share
Scroll to Top