Прилепчанец починал откако со возилото удрил во бетонски столб

пред 4 години

Вчера во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

Share
Scroll to Top