Бројот на деца под 14 години во Јапонија падна за околу 190.000 на рекордно ниско ниво од 14,9 милиони од 1 април, покажуваат годишните податоци објавени од Министерството за внатрешни работи.
Тоа значи дека бројот на деца во третата по големина економија во светот се намалува веќе 40 години по ред. Уделот на децата во вкупното население падна на само 11,9 проценти.
Повеќе од една четвртина од населението во Јапонија е постаро од 65 години.
Со оглед на ниската стапка на наталитет и зголемениот број на стари лица, населението во Јапонија може да падне од сегашните 127 милиони луѓе на помалку од 100 милиони во 2053 година, покажуваат официјалните проценки.
Заднината на ова е, меѓу другото, трендот кај младите Јапонци подоцна да се венчаат и да го одложат раѓањето на нивното прво дете.
Веќе има сериозен недостиг на работна сила во некои сектори на јапонската економија, исто така поради релативно ниската имиграција.