Квартараро е опериран – сака да се врати на мотор веќе во Ле Ман

Квартараро е опериран – сака да се врати на мотор веќе во Ле Ман

пред 4 години

Мото ГП возачот, Фабио Квартараро на социјалните мрежи порача дека неговата операција поминала во најдобар ред и неговата цел е да се врати подготвен за трката во Ле Ман која на програмата е на 16. овој месец.

Квартараро доживеа повреда на раката на трката во Херез и заврши дури на 13-тата позиција. Вчера беше соопштено дека мора да оди на операција, и прогнозите се дека ќе биде подготвен за трката во Франција.

„Операцијата е готова, се е во ред, единствената цел е следната трка, дома“ порача тој од болница.

Возачот на Јамаха е втор во генералниот пласман и заостанува зад лидерот Франческо Бањани само 2 бода.

Share
Scroll to Top