Милано и Барселона ја комплетираа големата четворка во Евролигата

Милано и Барселона ја комплетираа големата четворка во Евролигата

пред 4 години

Олимпија Милано и Барселона се приклучуваат на Анадолу Ефес и ЦСКА Москва на фајнал фор турнирот од Евролигата во Келн, откако ги добија своите „мајсторки“.

Милано со 92:89 дома го совладаа Баерн Минхен во драматичен меч, додека Барселона, инаку прв носител по регуларната сезона, конечно стави крај на серијата на Зенит Санкт Петерсбург, победувајќи со 79:53 во „Палау Блауграна“.

Армани Олимпија Милано е на фајнал фор по 29 години благодарение на инспирираниот Шејвон Шилдс, кој заврши со 34 поени, а тимот на Еторе Месина имаше дури 17 поени предност, која се стопи на два поени на 12.6 секунди пред крајот. Баерн само еднаш имаше водство – 8:2 на стартот на мечот, а имаа лоши 7-од-19 во обидите за тројки – Џејлен Рејнолдс имаше 19 поени и 10 скока како најдобар во тимот на Андреа Тринкиери.

Барса, пак, не дозволи ново изненадување од Зенит, откако со Пау Гасол во тимот (7 поени, 4 блокади, 3 украдени топки и 3 скока), со фантастична одбрана стигнаа до 79:53 победа. Кори Хигинс со 15 поени беше најдобар кај победниците, Ник Калатес додаде 12 поени и 5 скока, додека Кајл Кјурик и Брендон Дејвис имаа 1 поени. Барса водеше со 23:14 по првата четвртина, с 13 поени на полувреме.

Фајнал форот се игра во „Ланксес арената“, за нас позната по ракометните успеси на Вардар, од 28 до 30 мај.

Share
Scroll to Top