Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја најави својата кандидатура за изборите во 2024 година во интервју со Кендис Овенс.
Тој на прашањето на конзервативната новинарка дали ќе се обиде уште еднаш да влезе во Белата куќа и рече дека ја следи ситуацијата.
„Како што знаете, сè уште е рано“, рече Трамп во телефонското интервју со Овенс, „но мислам дека луѓето ќе бидат многу, многу среќни кога ќе објавам нешто“.
Трамп истакна дека сепак бил спречен да зборува за тоа, но додаде дека со нетрпение ја очекува најавата што ќе ја даде кога ќе дојде време за тоа.
Поранешниот претседател на САД дури се пошегува дека Овенс може да се кандидира за негова потпретседателка.
„Колку добар избор би бил тоа. Тоа би било фантастично, би било одлично“, рече Трамп.
Трамп ги критикуваше медиумите поради критиките упатени на сметка на неговата сопруга Меланија, која не се огласи од напуштањето на Белата куќа.
„Таа е самоуверена и добра личност. Луѓето ја сакаат. Но, тоа беше многу нефер, иако таа добро го поднесува тоа“, рече Трамп.