Младиот фудбалер на Челси, Мејсон Маунт вчера по 2:0 победата над Реал Мадрид не се возддржа и реши да го „пецне“ Тони Крос, кој пред мечот изјави дека никогаш не губи сон поради своите противници, порачувајќи му дека за Челси сите треба да „губат сон“. Од друга страна, хрватскиот ветеран Лука Модриќ покажа како се прави тоа со класа, дури и кога ќе загубиш.
22-годишниот Маунт го постигна вториот гол за потврда на победата на „Стемфорд бриџ“, а по мечот изјави дека требале да им дадат 5 гола, посебно бидејќи тој ја добил битката со Модриќ и Крос во средниот дел од теренот.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Модриќ, пак, покажа дека и при порази треба да се заддржи класата.
„Мејсон Маунт, многу среќа во финалето“, му порача Модриќ пред да го гушне, а младиот Маунт само му одговори со благодарност. Може да научи нешто од него.