Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драга Раца, потпишал тригодишен договор со Вухан Дангаи. Според неговиот менаџер, Миња Илиќ, Раца станал најплатениот тренер во светот, кој не работи во НБА лигата.
Менаџерот на Раца не објавил колкава годишна плата добил Раца од Вухан Дангаи.
Serbian, Dragan Raca signed 3 year contract with NBL Wuhan Dangdai, which will make him highest paid Head Coach outside of NBA.
— Minja Ilic (@minja2011) May 6, 2021
Драган Раца има 60 години, тренерската кариера ја започнал во 2002 година во АЕЛ Лимасол. Во 2002 година ФИБА го прогласи за најдобра млад тренер во Европа.
Македонија ја предводеше во перидот 2016-2017 година. Бил селектор и на репрезентациите на Кипар и Либан. Со Либан, во 2007 година го освоил сребрениот медал на првенството на Азија.