Најмалку седум луѓе загинаа во две лавини на француските Алпи

пред 4 години

Најмалку седум луѓе загинаа денеска во две одделни лавини во одделот Савоа на француските Алпи, соопштија локалните власти.

Првата лавина се случила околу пладне во областа каде што се наоѓа ски-центарот Валуар, кога загинале четворица планинари на возраст од 42 до 76 години, соопштија властите на префектурата Савоа.

Според информациите, во втората лавина во подножјето на врвот Пури, загинале уште тројца луѓе.

Властите во префектурата Савој, која се граничи со Италија, ги повикаа планинарите, скијачите и другите луѓе да бидат внимателни, наведувајќи дека благи временски услови, како што се евидентирани сега по обилните снежни врнежи минатата недела, може да предизвикаат лавини.

Share
Scroll to Top