Земјите од НАТО нема да учествуваат во воените дејствија во Украина

пред 2 години

Земјите од НАТО продолжуваат да се придржуваат до ставот дека алијансата не треба да стане страна во непријателствата во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Г7 и ЕУ.

– Сите сме обединети во тоа – голема поддршка за Украина, но не и учество на НАТО во војната, ја цитира РИА Новости изјавата на Шолц.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки исто така рече дека Бајден сè уште нема намера да испраќа американски војници во Украина.

Share
Scroll to Top