Шефицата на Европската комисија за прв пат стана баба

пред 4 години

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи објави дека за прв пат станала баба.

Поранешната германска министерка за одбрана и мајка на седум деца објави фотографија од себе и нејзината внука со опис дека е горда баба и дека станува збор за магичен момент.

„Првиот пат кога ќе ја прегрнеш својата внука е еден од оние моменти кој те потсетува на она што е навистина важно во животот“, напиша таа.

Со нејзиниот сопруг, лекар и академик Хеик фон дер Лајен, таа израсна седум деца.

Пред да застане на чело на Европската Комисија, таа водеше три различни оддели во германската влада – одбрана, труд и семејство.