(Видео) Приврзаниците на Трамп се собраа пред центрите за броење во Мичиген и Аризона

пред 3 години

Десетици приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа синоќа во центрите за броење во Детроит и Феникс, додека илјадници негови противници протестираат низ САД, барајќи пребројување на гласачките ливчиња до крај во сојузните држави каде што не се знае кој е победникот.

Поддржувачите на Трамп дојдоа во центрите во Мичиген и Аризона, клучните сојузни држави за исходот на претседателските избори во САД, откако беше објавено дека американскиот претседател изгубил во тие две држави.

„Асошиејтед прес“ наведува дека ривалот на Трамп, демократскиот кандидат Џозеф Бајден, победил во Мичиген и Аризона.

Лутите демонстранти извикуваа „Престани да броиш (гласови)“ во Детроит и „Престани да крадеш“ во Феникс, според АП.

Протестот се случил откако Трамп рекол, без да наведе докази, дека има големи проблеми со гласањето и броењето, особено кога станува збор за гласовите испратени по пошта.

Во меѓувреме, илјадници противници на Трамп излегоа на улиците од Њујорк, на источниот, до Сиетл, на западниот брег на САД, барајќи пребројување до последен глас.

Share
Scroll to Top