Приведени три лица од гостиварско, запленет хероин

пред 4 години

Вчера околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово од слобода биле лишени лицеот со инцијали О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште.

При нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, бил пронајден хероин.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.