Американскиот дипломат Габриел Ескобар во посета на државата

пред 2 години

Денеска, заменик помошникот на Државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтегративните перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјава и регионот.

Во рамки на посетата, ќе оствари средби и со повеќе високи претставници на државата, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Share
Scroll to Top