(Видео) Сале СРВ сними песна инспирирана од короната

(Видео) Сале СРВ сними песна инспирирана од короната

пред 4 години

Македонскиот рокер и музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ промовира нова песна, инспирирана од пандемијата со коронавирусот. Песната „Пландемија“ ја напиша Андриески, а аранжманот е на Драган Ристовски. Специјален гостин на песната е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп, кој ги свири гитарските соло делници. Песната има две верзии, македонска и српска. За двете песни тој сними видео во студиото на Д.Р.Д. медиа.

Сале во јавноста е познат како човек кој работи и соработува со големи музички имиња од регионот, па имаше дует со Бора Чорба, соработуваше со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ.

Share
Scroll to Top