Ништо од разводот, Џејсон Момоа ѝ се врати на сопругата

Ништо од разводот, Џејсон Момоа ѝ се врати на сопругата

пред 2 години

Холивудскиот глумец Џејсон Момоа се смири со неговата сопруга Лиса. Двајцата повторно се заедно откако неодамна објавија дека се разведуваат, пренесуваат светските медиуми. Извор близок до нив рече дека и двајцата решиле да си дадат уште една шанса.

„Џејсон ѝ се врати Лиса уште пред две недели. Двајцата се повторно заедно. Одлучија да ги надминат проблемите и да останат заедно затоа што и двајцата многу вложија во врската. Нивните две деца, ќерка Лола и синот Накоа Волф исто така се пресреќни“, рече тој.

Момоа исто така ја избриша објавата дека се разведуваат од „Инстаграм“.

„Сите ги почувствувавме промените кои ги донесе ова време полно со трансформации. Револуции се случуваа секаде, па и нашето семејство не беше исклучок. Чувствувавме сеизмички бранови кои се случуваа и растевме со нив. Затоа ги споделивме нашите семејни вести. Нашиот брак заврши“, напишаа претходно Џејсон и Лиса.

„Не го споделуваме ова затоа што мислиме дека оваа вест е важна, туку за да можеме да продолжиме со нашите животи со достоинственост и искреност. Љубовта што ја споделуваме продолжува да се развива“, напишаа тие.

За потсетување, голем број нивни пријатели рекоа дека Џејсон целосно се запустил откако ја остави Лиса. Тој почнал да спие во камп приколка во двор кај негов пријател.

 

 

Share
Scroll to Top