Анџелина Џоли го обвини Харви Вајнштајн дека се обидел да ја силува

Анџелина Џоли го обвини Харви Вајнштајн дека се обидел да ја силува

пред 3 години

Анџелина Џоли го обвини холивудскиот продуцент, Харви Вајнштан, дека се обидел да ја силува, додека нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, сакал да соработува со него. Вајнштајн кој е осуден сексуален престапник, во моментов ја отслужува казната во траење од 23 години.

Тој беше обвинет за силувања и напади од педесетина жени. На списокот сега се најде и Џоли, која тврди дека била негова жртва и дека Вајнштајн силно ја повредил. За среќа, таа успеала да се извлече пред ситуацијата да ескалира, пренесува „Гардијан“.

Глумицата тврди дека во една прилика се нашла сама со Вајнштајн во соба и дека тој се обидел да ја искористи. Анџелина го одбила и успеала да си замина, а подоцна ги предупредила и другите за неговото однесување. Потоа таа никогаш не соработувала со него.

Претставниците на Хари ги негираат ваквите обвинувања, тврдејќи дека никогаш не се случиле ваквите напади, туку дека Анџелина сето ова го прави за публицитет.

„Се расправавме околу тоа, се разбира дека ме повреди“, рече Џоли во едно од интервјуата за соработката на Бред со Харви. Таа вели дека Бред знаел како продуцентот се однесувал кон неа.

Во меѓувреме Бред и Џоли се разведоа и до ден денес водат правна битка околу старателството над своите деца.

Share
Scroll to Top