Даглас Коста ќе стави крај на европската кариера. 30-годишниот Бразилец го напуштил Баерн Минхен и се вратил во Порто Алегре. Извесно е дека тој ќе потпише договор со Гремио. Клубот потврдил дека преговара со поранешниот бразилски репрезентативец.
Даглас Коста е дете на Гремио. Во овој клуб ја започнал професионалната кариера. Коста во 2010 година од Гремие се пресели во Шахтјор, потоа три години бил играч на Баерн и две на Јувентус.
„Не повика во неговиот дом за да разговараме околу неговиот ангажман. Значително ги намали финансиските барања. Ние ќе ги исполниме тие услови. Сега се обидува да го раскине договорот со Јувентус. Доколку се раздели спогодбено со Јувентус, ние ќе потпишеме договор со него“, рекол потпретседателот на Гремио, Маркос Херман.