Ајакс го враќа назад тинејџерот кој пред два месеци потпиша со Лајпциг

Ајакс го враќа назад тинејџерот кој пред два месеци потпиша со Лајпциг

пред 4 години

Брајан Броби (19), талентираниот напаѓач на Ајакс, пред два месеци потпиша договор со Лајпциг. Тренерот Јулијан Нагелсман бил причината што Броби го одбрал Лајпциг.

Она што пред два месеци не го знаеја ниту Броби, ниту Нагелсман е дека тренерот од наредната сезона ќе го предводи Баерн Минхен.

Ваквиот развој на настаните го натерал Броби да ја преиспита својата одлука. Сега тој не сакал да оди во Лајпциг, туку да остена во Ајакс.

Клубот од Амстердам сега се обидува да го врати фудбалерот кој се уште не заминал во Лајпциг.

„Би сакал да го задржиме во клубот. Директорот Марк Овермарс работи на случајот“, изјавил тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Share
Scroll to Top