Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потврдил дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
Реал, утре, ќе гостува во Билбабо во претпоследното коло. „Кралскиот клуб“, се уште е во трка за шамионската титула со градскиот ривал Атлетико.
„Понекогаш е потребно да останете, а понекогаш е потребно да заминете, за сечие добро. Можеби мислите дека би заминал бидејќи работите станаа комплицирани, но тоа не е точно. Секогаш го правам она што во тој момент е најдобро. Некогаш доаѓаат во ситуација кога промената е најдобро решение. Овде сум за да работам за доброто на клубот, а не за свое добро“, рекол Зидан.