Филаделфија и Јута водат 3:1 против Вашингтон и Мемфис

Филаделфија и Јута водат 3:1 против Вашингтон и Мемфис

пред 3 години

Вашингтон Визардс се спасија од „метла“, го намалија резултатот на 3:1 во серијата со Филаделфија Севентисиксрес. Четвртиот меч од оваа серија во Источната конференција, Визардс го добија со 122.114. На Западот, Јута Џез поведоа со 3.1 во серијата со Мемфис Гризлис. Јута, во Мемфис, победија со 120:113.

Во Вашингтон, Бредли Бил и Расел Вестбрук не им дозволија на Севентисиксреси да дојдат до четвртата победа. Бил постигна 27 поени, а Вестбрук забележа трипл-дабл од 19 поени, 21 скок и 14 асистенции. Ушта тројца играчи на Визардс постигнаа двоцифрен број на поени: Хачимура 20, Лопез 16, Бертранс 15.

Кај Филаделфија се истакнаа Џо Херис со 21 и Мекси со 15 поени. Најдобриот играч во тимот Џоел Ембид одигра само 11 минути, постигна осум поени.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Јута Џез, благодарение на Донован Мичел и Џордан Кларксон победија во Мемфис 120:113. Мичел постигна 30, Кларксон 24 поени.

Мемфис го предводеше Џа Морент со 23 поени.



Share
Scroll to Top