Јувентус со вчерашната победа против Интер (3-2) остана во игра за пласман во Лигата на шампионите и идната сезона.
Освен осумте погодоци, љубителите на фудбалот видоа и ретка сцена – Кристијано Роналдо беше повлечен од игра во 70 минута.
Изненадувачкото е тоа што тој не реагираше како и обично во ваква ситуација (демонстративно), туку мирно излезе од теренот, се поздрави со неговата замена Алваро Мората, а се поздрави и со тренерот Пирло.
„Мислам дека ова беше првпат да е среќен што е заменет. Имавме играч помалку, беше среќен во соблекувалната“ рече Пирло.
Тренерот на Јуве е под огромен притисок да биде сменет по завршувањето на сезоната, но тој на тоа вели:
„Не сум размислувал за иднината, само за денешниот меч. За иднината – подоцна“.