Барселона делуваше разиграно против Осасуна

Барселона делуваше разиграно против Осасуна

пред 2 години

Барселона стигна до нова убедлива победа во Ла Лига откако на „Камп Ноу“ ја совлада Осасуна со 4:0. Немаше многу неизвесност на овој меч, со оглед дека каталонскиот тим поведе веќе во 14.минута, кога од пенал реализираше Феран Торес. Истиот фудбалер седум минути подоцна зголеми на 2:0, а третиот гол беше дело на Пјер-Емерик Обамејанг.

Во второто полувреме во листата на стрелците се запиша и Рики Пуиг во 75.минута.

По овој триумф, Барселона се искачи на третата позиција на табелата со 51 бод, пет помалку од второпласираната Севилја, но и еден одигран меч помалку.

Share
Scroll to Top