„Гордо ги носам брчките од короната“, рече Илина додека Игор ја чека да му се врати

„Гордо ги носам брчките од короната“, рече Илина додека Игор ја чека да му се врати

пред 4 години

Актерот Игор Џамбазов ужива во својата љубов со алпинистката, Илина Арсова. Тие една година се заедно. Изминатите неколку дена, пак, Илина ги помина во Охрид, додека Џамбазов беше во Дојран. Илина објави неколку фотографии , а кажа и дека го прележала коронавирусот.

„На крајот, гордо ги носам моите пост Ковид брчки и таа мала тага што доаѓа по нив. Ќе ви кажам повеќе за тоа“, напиша Арсова

Игор, пак,  на својот Инстаграм објави фотографија со својата мачка . „Чекајќи ја Илина“, напиша Џамбазов.

Парот постојано се активни на социјалните мрежи. Неодамна прславија една година љубов.  „Ја гушнав и таа гушка се уште трае“ , рече тогаш Џамбазов.

 

Share
Scroll to Top