Шон Конери ги покажуваше мускулите години пред да стане име во Холивуд

Шон Конери ги покажуваше мускулите години пред да стане име во Холивуд

пред 3 години

Откако работеше се и сешто за да заработи,  вклучувајќи и позирање како гол модел – Конери влезе на изборот „Мистер универзум“ во 1953 година, одржан во Лондон. Во тоа време тој имаше 23 години. Нне го освои првото, туку третото место, ама Шкотланѓанецот на крајот го привлече вниманието на локалниот директор на кастинг. После тоа, Конери продолжи да ја извршува својата прва работа, во хорот на лондонска турнеја на South Pacific.

По 10 години работа на театар и телевизија, Конери имаше голема пауза,  а во 1962-та година го сними а Д-р Но кој неговиот прв од седумте филмови за Џејмс Бонд.

Додека размислувал за неговите рани години, на гостувањето во емисијата на Џеј Лено во 1999 година, Конери раскажуваше  неговите професии кои го вклучуваа и времето како гол модел за колеџот за уметност во Единбург.

Вели морал така, оти немало друг начин како „да врзува крај со крај“. Конери рече дека тој бил еден од тројцата кои позирале. „Имаше едно старо момче што го правеше тоа со години и години, прилично привлечна млада жена и јас“, рече тој. „Порано добивавме шест и осум пени на час за стоење во мирување со 15 минути одмор“.

Оригиналната ѕвезда на тајниот агент Џејмс Бонд (90) почина преку ноќ во сон во домот на Бахамите, изјави неговото семејство за Би-Би-Си вчера. Причина за смртта не беше соопштена, иако неговиот син Џејсон изјави дека неговиот татко бил „лошо веќе некое време“.

Конери ќе биде погребан на приватна церемонија што допрва треба да се планира во ковид-услови.

Share
Scroll to Top