Градот Скопје ги информира граѓаните дека средствата од јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, се исцрпени.
Во текот на наредните денови градските служби ќе ги обработуваат пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1.656 пријави.
Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари годинава. На повикот граѓаните аплицираа онлајн.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.