Џиџи Буфон со трофејот во Купот на Италија се збогува со Јувентус. Ветеранот, синоќа, со своите одбрани даде голем придонес во победата над Аталанта 2:1.
Буфон ќе го напушти Јувентус со 21 освоен трофеј. Легендата влезе во историјата со едно неверојатно остварување.
Џиџи Буфон како тинејџер, со Парма, го освои својот прв трофеј во Купот. Во таа 1999 година, негов соиграч беше Енрико Кијеза, 22 години подоцна тој овој трофеј го подигра заедно со синот на Енрико, Федерико Кијеза.