Почина Унгарецот кој го судеше финалето Бразил–Италија во 1994 во САД

Почина Унгарецот кој го судеше финалето Бразил–Италија во 1994 во САД

пред 4 години

Легендарниот унгарски фудбалски судија Шандор Пул почина денеска на 65 години.

Тој е незаборавен лик за сите кои во 90-тите години од минатиот век активно следеа фудбал. Ја делеше правдата на 3 од 4 најголеми финалиња во овој период – мечот за трофејот во УЕФА купот меѓу Борусија (Д) и Јувентус во 1993 година, финалето на СП во САД во 1994 меѓу Италија и Бразил, но и финалето во ЛШ во 1997 година исто така меѓу Борусија (Д) и Јувентус.

ИФФХС го избираше Пул за најдобар судија четири години во низа, од 1994 до 1997 година.
Во 2000. година ја заврши судиската кариера која траеше 16 години (12 години меѓународен судија).

Share
Scroll to Top