Утринава во Србија, во Лазаревац, на Ибарската магистрала, околу 9 часот и 40 минути, се случила тешка сообраќана несреќа, во која жена завршила под тркалата на камион.
За среќа таа преживеала. До несреќата дошло, откако постарата жена, се обидела да помине на пешачки премин, кога на неа налетал камионот.
Повредената 85 годишна жена, итно била префрлена во болница.