Челси и Лестер ќе бидат казнети за тепачката

Челси и Лестер ќе бидат казнети за тепачката

пред 3 години

Челси и Лестер ќе бидат казнети од англиската Фудбалска асоцијација (ФА) по грдите сцени во финишот на нивниот меч во вторникот, кога за малку ќе дојдеше до општа тепачка по стартот на Рикардо Переира над Бен Чилвел.

„Челси и Лестер се обвинети за прекршување на Е20.1 правилото на Фудбалската асоцијација, откако двата клуба не осигураа нивните фудбалери и официјални лица да се однесуваат на пристоен начин во 93. минута“, се вели во објавата на ФА.

Челси стигна до 2:1 победа со која си ги зголеми своите шанси за пласман во Лигата на шампионите пред Лестер, а инцидентот се случи по стартот на Переира над својот поранешен соиграч Бен Чилвел. Бесот беше голем и од претходниот меч меѓу двата тима, кога Лестер ја освои ФА куп титулата со 1:0 победа, иако токму Чилвел постигна гол за израмнување за Челси во финишот на натпреварот пред тој да му биде поништен од ВАР-системот.

Share
Scroll to Top