googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Британската телевизија „Би-би-си“, вчера се извини поради начинот на кој новинарот Мартин Башир, пред дваесетина години, го изведе скандалозното интервју со принцезата Дајана.
Независната истрага која ја направил лордот Дајсон, поранешен постар судија, открила дека Мартин Башир измамил голем број лица, за да го направи интервјуто со Дајана. Во таквата ситуација тој ги лажел и неговите шефови и раководители во телвизијата „Би-би-си“.

Истрагата која била спроведена, ги утврдила начините и методите со кои Башир ги користел за да дојде до принцезата Дајана. Тие покажале дека новинарот не само што ги мамел челните луѓе во телевизијата, туку и родениот брат на принцезата Дајана, Ерл Спенсер.
Башар на Спенсер му покажал фалсификувани изводи кои покажуваат како една новинарска групација, го плаќала негов близок соработник. На тој начин тој сакал да стекне доверба кај Спенсер за да може полесно да дојде дој Дајана.

Кога раководителите во „Би-би-си“, го прашале Башар за наводните изводи, тој негирал дека на Спенсер му покажал било какви документи.
Извештајот на комисијата покажал дека Башар лажел колку што може, а неговото неодговорно однесување, го довело во прашање и неговиот кредибилитет.
Фалсификуваните банковни изводи ги откриле новинарите на Mail on Sunday, на почетокот на 1996 година. Директорот на вестите кои ја спровел истрагата бил Тони Хол, сега Лорд Хол, кој подоцна ќе стане генерален директор на „Би-би-си“.
Но, извештајот на Дајсон, наведува дека интерната истрага на медиумската куќа била неадекватна, затоа што не го испрашала Ерл Спенсер, а тоа било голем пропуст. Тој тврди дека „Би-би-си“ се обидел да го заташка начинот на кој Башир дошол до интервјуто.
Башар не ги исполнил високите стандардни квалитети, транспарентноста и интегритетот кои веќе низ годините било главното обележје на телевизијата. Од „Би-би-си“ велат дека извештајот утврдил дека биле нанесени сериозни пропуст.
Но, од таму велат дека денес имаат подобри процедури, токму такви кои пред 20 години требало да го спречат направеното интервју со Дајана. Години подоцна кога целата работа беше веќе јавно откриена, Башар го признал делото и јавно се извини.

„Се извинувам поради лажните банковни сметки. Тоа беше глупава работа. Но, јас не влијаев на одлуката на Дајана да ми го даде интервјуто“, се оправдал Башар.
Интервјуто кое беше емитувано во 1995 година, предизвика големо внимание во јавноста, затоа што „Би-би-си“, никогаш претходно не се занимавале со приватниот живот на некој од членовите на кралското семејство.
Дајана во тоа интервју открила дека за време на бракот со принцот Чарлс, таа имала афера со друг маж. Исто така открила дека и самиот Чарлс бил со Камила и дека поради тоа се чувствувала безвредно. Дајана признала дека се борела и со булимија и дека и доаѓале самоубиствени мисли.

Принцезата во интервјуто изјавила дека Чарлс не можел да се прилагоди на тоа дека ќе стане крал и дека неговиот персонал долго време водела негативна кампања против неа.
Интервјуто го гледале повеќе од 20 милиони луѓе и истото предизвикало големи контроверзи. За изјавите на Дајана кои му ги даде во интервјуто на Башар, се зборува до ден денес. По интервјуто, кралицата Елизабета, им пишала на Чарлс и Дајана советувајќи ги да се разведат.
По повод интервјуто, деновиве се огласи и принцот Вилијам, кој објасни дека односите меѓу неговите родители се влошиле од моментот кога интервјуто било објавено. Тој вели дека откако го дала интервјуто, таа станала параноична.

Вилијам вели дека најмногу жали тоа што неговата мајка никогаш не откри дека била измамена. На крајот додал дека неговата мајка не била измамена само од еден обичен измамник новинар, туку и од шефовите на „Би-би-си“.
Принцезата Дајана, мајка на принцовите Вилијам и Хари, се омажи за принцот од Велс, принцот Чарлс во лондонската катедрала Свети Павле во 1981 година. Двојката се разведе во 1996 година.
Следната година принцезата Дајана почина во Париз, во сообраќајка во тунелот. Таа била во автомобилот со својот партнер, Доди Ај Фајед, со кого сакала да им побегне на репортерите.
Притоа тие се удриле во тунелот. Нејзиниот партнер и возач починале на лице место, додека Дајана починала неколку часа подоцна во болница.



