Се ожени фудбалерот Висар Муслиу

Се ожени фудбалерот Висар Муслиу

пред 3 години

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу се ожени со својата девојка Валбона. На венчавката присуствуваа членови од неговото поблиско семејство и пријателите.

Муслиу се ожени на крајот од сезоната, откако ги заврши сите обврски со неговиот унгарски клуб Фехервар, каде настапува веќе две години. Тие свадбата ја направија и пред почетокот на Европското првенство, на кое Македонија за првпат ќе игра.

Досега Муслиу има играно за тимовите на Шкендија, ФК Гостивар, Ренова, Сент, Гален и Вардар. За репрезентацијата има одиграно на 15 натпревари и дадено еден гол.

Share
Scroll to Top