Мојата љубов кон тебе, не може да се опише со зборови: Шилегов и ќерката славеа роденден

Мојата љубов кон тебе, не може да се опише со зборови: Шилегов и ќерката славеа роденден

пред 11 месеци






Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вчера славеше роденден. И тој и неговата ќерка Симона, се родени во ист ден, па објавија фотографии со торти, секој со својата торта и секој со своите години. Па така, Петре наполни 54, а Симона 21. Винтиџ тортата на бившиот градоначалник посебно остави впечаток и пораката на неа. За ќерка  пак напиша: „Мојата љубов кон тебе, едноставно не може да се опише со зборови.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов покрај ќерката Симона го има и синот Иван. Шилегов е во брак 27 години со неговата сопруга Јасмина. Двајцата се заедно од средношколските денови. Тие учеле во исто училиште и така се вљубиле еден во друг, ни откри Шилегов лани во разговор за Репортер.

„Како во песната на Балашевиќ. Таа имаше панделка во коса, а јас бев бунтовникот со долга коса“, ни раскажа Шилегов во интервјуто.






Share
Scroll to Top