По една година врска Адел и новиот дечко купија луксузна вила

По една година врска Адел и новиот дечко купија луксузна вила

пред 2 години

Адел и нејзиното момче Рич Пол почнаа да живеат заедно. Парот се фотогрфираше пред нивниот нов дом со клуч во рака. Адел на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи напиша „Времето лето“.

dobivaj vesti na viber

Парот ја откупиле поранешната вила на Силвестер Сталоне на Беверли Хилс за 58 милиони долари во јануари, откако ѕвездата на Роки речиси ја преполови својата првична барана цена од 110 милиони долари. Домот има два ката со голем обвиен балкон на најгорното ниво, а долу покриена тераса со украсни столбови и осветлување.

Рич и Адел се една година во врска. Помеѓу сликите објавени на социјалните мрежи има и една роматична фотографија на која тој ја бакнува.

Двојката има имот од 65 милиони долари, со куќи распространети низ Лос Анџелес и Лондон. Адел претходно живееше со сопругот Сајмон Конецки, со кој го има деветгодишниот син Анџело. Поранешната брачна двојка се венча во 2018 година, а ѕвездата поднесе барање за развод една година подоцна. Набргу по нивното разделување, беше откриено дека Сајмон се преселил во Беверли Хилс, во вила вредна 10,5 милиони фунти.

Share
Scroll to Top