Дик Адвокат со солзи во очите му кажа „Збогум“ на фудбалот

Дик Адвокат со солзи во очите му кажа „Збогум“ на фудбалот

пред 4 години

Трофејниот холандски фудбалски тренер Дик Адвокат (73) имаше емотивно попладне вчера во Ротердам, со оглед што за последен пат во својата тренерска кариера беше на клупата на Феенорд.

Адвокат пред 6 месеци најви дека ова ќе е неговата последна сезона во 41-годишната тренерска кариера.

Адвокат по триумфот на Феенорд на последниот меч со Утрехт со солзи во очите се упати кон соблекувалната.


Адвокат беше селектор на Србија во 2014 година, а беше на кормилото и на селекциите на Холандија, Јужна Кореја и Русија.

Во клупскиот фудбал беше предводник на ПСВ Ајндховен, Ренџерс, Зенит. Со сите клубови освојуваше шампионски титули.
Ќе остане запишано дека бил тренер и во Борусија Менхенгладбах, АЗ Алкмар, Сандерленд, Фенербахче и Утрехт.

Share
Scroll to Top